Филмот „Господ постои, се вика Петрунија“ освои уште една награда

„Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска продолжува да го освојува светот. На штотуку завршениот 15 филмски фестивал Евроазија во Казахстан “Господ постои, името ѝ е Петрунија“ ја освои наградата за најдобро сценарио за сценаристите на филмот Елма Татарагиќ и Теона Стругар Митевска. Во конкуренција со побединкот од Кан, кореанскиот “Паразит” и други врвни филмски остварувања, со уште едно признание “Петрунија” дефинитивно се наметнува како еден од најуспешните филмови оваа година.

Во месец јули “Господ постои, името ѝ е Петрунија“ ќе биде прикажан на седум фестивали, а ќе започне и кино дистибуцијата на филмот во Кина. 

“Петрунија” за половина година веќе ја заобиколи планетата и веќе се здоби со шест награди и е ќе биде дистрибуиран во над триесет и пет земји низ целиот свет. Во моментов сеуште се прикажува во киносалите низ Франција и Швајцарија веќе дванаесета недела, а веќе е прикажан и на триесетина фестивали.