Филм: “Верност” – борба против разумот наскоро публиката ќе може да ја види во скопските кина

“Верност” во режија на Михаел Р. Роскам е белгиско-француско-холандската криминалистичка драма која наскоро публиката ќе може да ја види во скопските кина.

Филмот е приказна за љубовта помеѓу Жижи, високо котирачки ганстер, и Биби млада девојка – возач на тркачки автомобили која припаѓа на висок сталеж, а раскажана во позадина на бруталното владеење на бандите во Брисел. Кога Жижи се сретнува со Биби, тоа е љубов на прв поглед, страсна, безусловна, огнена. Но, тој крие таква тајна која може да го загрози и неговиот, и животот на луѓето околу него. Тие ќе мора да се борат против судбината, разумот и сопствените слабости за да ја спасат својата љубов.

Улогите во филмот ги толкуваат Матиас Шоенартс, Адел Ексаркополус, Ерик де Стерке.