Филков: Иницирав постапка за повлекување на одлуката за зголемување на нотарската награда

Министерот за правда Игор Филков кажа дека иницирал повлекување на зголемувањето на нотарската награда. Тој притоа посочи дека ваквата одлука била донесена од неговиот претходник на заминување.

„Поранешниот министер донесе одлука која треба да стапи на сила на 1 септември, со која се овозможува зголемување на цените на нотарските услуги за десет пати. Сметам дека не смее народот да плаќа нешто 10 пати повеќе кое е донесено без широка дебата и не ја гледам смислата на истото. Ќе го слушнеме и мислењето на нотарите. Одлуката била донесена во февруари, но се чекало да поминат изборите, за ова никој не ја информирал јавноста, односно процесот бил скриен“ , вели Филков