Министерот за здравство Венко Филипче, денеска на прес-конференција истакна дека бил информиран дека во моментов нема тетанус.

Тој потенцираше дека истиот е обезбеден и ќе пристигне во сите амбуланти и здравствени установи во текот на понеделник и вторник.

-Ме информираа дека во моментов нема тетанус, но истиот е обезбеден и очекувам да биде дистрибуиран во текот на идната недела, рече Филипче кој истакна дека немањето на тетанус е поради тоа што компанијата не го обезбедила во временскиот рок.