Граѓаните мора да знаат дека мал е процентот на вакцинирани помеѓу новозаразените и починатите и 87 проценти од вкупниот број на новозаразени се невакцинирани. Ова денес во интервју за Сител Телевизија го истакна министерот Венко Филипче
Тој додаде дека таму каде што опфатот на вакцинација е мал преоптоварен е здравствениот систем и болниците се полни, а таму каде што опфатот со вакцинација е прилично висок болниците можат да функционираат само во рамките на инфективните одделенија и тоа е уште ден доказ дека вакцините.
Граѓаните мора да го сфатат ова сериозно бидејќи во преоптоварените болници страдаат и другите пациенти кои не можат да стигнат до редовните термини и редовните здравствени прегледи, додаде Филипче во интервјуто.