Филипче: Вакцините во Македонија се безбедни

Во Македонија се внесуваат безбедни и проверени вакцини, изјави министерот за здравство, Венко Филипче. „Нема место за паника. Вакцините се европски и сигурни“, рече Филипче и истакна дека вакцинацијата е најдобрата инвестиција во здравјето.

Министерот рече дека во календарот за имунизација за 2019 година воведени се уште две вакцини со европски и светски квалитет. „Моментално во потполност се гарантира за квалитетот на вакцините, затоа што истите се од реномирани производители од земји на Европската Унија (Франција, Белгија, Бугарија) одобрени производители од страна на СЗО кои ги исполнуваат сите потребни стандарди“, рече Филипче.

Според него, загрижувачки е податокот дека во земјата паѓа опфатот со вакцинација за одредена болест.