Филипче: Вакцинацијата на децата против Ковид-19 нема да биде задолжителна

Некои земји го воведуваат вакцинирањето на децата против Ковид-19 како задолжително односно тие нема да ги примаат децата на училиште доколку не се вакцинирани. Кај нас нема да биде задолжителна вакцината против Ковид-19 за децата, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на болницата „Свети Еразмо“ во Охрид.

Тој вчера изјави дека од понеделник ќе почне теренската вакцинација, ќе се дозволи вакцинирање на деца од 12 до 16 години со вакцината на „Фајзер“, што во овој момент е единствена вакцина која е дозволена да се користи согласно препораките во внатрешното упатство за оваа категорија на деца на оваа возраст.

Додаде дека досега нема нус појави кај вакцинирани деца.