Филипче: Утре ќе се знае дали ќе има олабавување на мерките

Во овој момент рано е да се каже дали има услови за одржување избори и сето тоа, заедно со враќањето на сите тие процеси ќе зависи од препораките на стручните лица, изјави министерот за здравство Венко Филипче во денешното гостување во емисијата „Здраво Македонија“ на Канал 5.

– Ќе почекаме да видиме какви ќе бидат бројките и анализите во текот на утрешниот состанок, какви ќе бидат препораките за олабавување на мерките од почетокот на следната недела, препораките, како препораки, начинот на кој треба да се функционира во одредени сектори, како економските оператори во тие сектори треба да ја организираат работата. Меѓутоа, кога сето тоа ќе почне и по кој редослед, ќе дознаеме во текот на денешниот односно утрешниот ден, па врз основа на тоа може да се носат други заклучоци и други планови, посочи Филипче.

Тој потенцира дека бројот на тестирања за Ковид-19 се намалува, затоа што нема пациенти. Филипче најави и тестирање на асимптоматските носители на вирусот, како што се вработени во градинките, во јавниот превоз, здравствени установи и други критични групи граѓани.

Министерот Филипче нагласи дека бројот на заразени се намалува, но без оглед на се, граѓаните мора да ги почититуваат препораките.