Филипче: Утре ќе се разговара за полицискиот час и за изборите

Министерот за здравство Венко Филипче, во утринската емисија на „Канал 5“ „Здраво Македонија“ рече дека се намалува бројот на заразени во земјава, но препорачува граѓаните да ги почитуваат мерките .

Министерот најави и тестирање на асимптоматските носители на вирусот, како што се вработени во градинките, во јавниот превоз, здравствени работници и други.

Филипче информираше дека утре ќе се разговара дали ќе има продолжување на полицискиот час и дали се создадени улови за одржување на изборите.