Филипче: Утре ќе се разговара за изборите и за олабавување на мерките

Министерот за здравство, Венко Филипче во денешното гостување во емисијата „Здраво Македонија“ на Канал 5 порача дека во текот на утрешниот ден ќе се знае дали ќе има олабавување на мерките.

Исто така, ќе се дебатира и за евентуално одржување на изборите, по проценките на стручните лица.

Како што истакна тој, бројот на заразени се намалува, но без оглед на се, граѓаните мора да ги почититуваат препораките.