Заврши седницата на Владата на која донесовме дополнителни мерки. Денеска се тестирани вкупно 12 лица, од тие 12 лица позитивни се 6 нови пациенти, една пациентка којашто синоќа доцна стигнала со авионот на Визер од Барселона. Таа свесна дека имала покачена телесна температура во авионот патувала со заштитна маска и ракавица, се јавила сама, изолирана е однесена на Клиниката за инфективни болести. На сите други 51 патник им е дадено решение за домашна самопизолација, информираше министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.
-Во нашата земја има вкупно 18 пациенти дијагностицирани од оваа болест. Чњетворицата од Дебар денеска се донесени на Клиниката за инфективни болести. А петте новодијагностицирани денеска ќе останат да се лекуваат во болницата во Дебар. Таму има кадар едпидемиолог. Сите тие се со соем лесна клиничка слика, информираше Филипче.