Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вели дека партијата не е истата од пред изборите. Тој додаде дека интензивно е на терен, помеѓу членовите, се со цел да се слушне нивниот глас и заедно да се дефинираме следните чекори.
„Преку отворени дискусии и размена на идеи, продолжуваме да ја зајакнуваме партијата и да ги дефинираме следните активности. Како што ветив, членовите имаат активна улога во креирањето на политиките кои ќе ја обликуваат иднината на партијата. Отворена врата за секого и заедничко делување. Комуникацијата со членството, со базата е веќе на многу повисоко ниво, достапноста и присутноста на раководството е значително зголемена. Тоа ќе биде дел од новиот начин на функционирање на СДСМ и во иднина“, рече Филипче.
Филипче посочува дека процесот за избор на претседатели на општинските оганизации на СДСМ привршува успешно.
„Во завршна фаза е целиот процес за избор на претседатели на општинските организации на СДСМ, овој месец привршуваат изборните конференции и во останатите општини. Изборот на луѓето е со широк консензус во рамки на самата партија и во рамки на општинските организации и тоа наша вредност“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.