Филипче: Рано е да се размислува за воведување задолжителна вакцинација

Во Македонија се уште е рано да се размислува за воведување задолжителна вакцинација против ковид-19. 

Филипче вели дека очекуваат резултати, односно зголемување на опфатот со вакцинација, по апелите од властите за имунизација. Исто така, тој смета дека стимулативната мерка за матичните лекари кои имаат висок процент имунизирани пациенти да добиваат 30 денари за секој пациенти, може да даде одреден резултат.

– Некои земји размислуваат за задолжителна вакцинација, но кај нас е рано за такво размислување – рече Филипче, по конференцијата на тема ХИВ.