Филипче потврди: 180 нови случаи со Ковид 19, двајца починати

Во последните 24 часа се направени 1272 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на ковид-19. Ова на својата фејсбук страна го објави министерот за здравство, Венко Филипче. Најголемиот дел од нив, односно 109 случаи се во Скопје, потоа следуваат Куманаво со 26 случаи и Тетово со 12 случаи. 

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово на 52 години години, лекуван на клиниката од 30 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје на 68 години, хоспитализирана на 29 мај.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 34386 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 16 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип, нема позитивни резултати на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2790, бројката на оздравени пациенти е 1632, на починати е 149, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1009.