Филипче: Потврден е првиот случај на коронавирусот во Македонија

Потврден првиот случај на коронавирус во земјава. Се работи за жена, која се вратила од Италија, изјави министерот за здравство, Венко Филипче на вонредна прес-конфеенција. Тој рече дека биле извршени лабораториски тестирања на пациентката и дека резултатите покажале дека таа е позитивна на коронавирусот.

„Нема простор за паника. Пациентката е во стабилна состојба. Таа била еден месец во Италија, веќе две недели е болна и во Италија не била тестирана за корона и по пристигнување нво земјава, веднаш се пријавила на клиниката. Сметаме дека периодот на инкубација е поминат.

Тој упати апел до сите институции, кои имаат вработени кои патувале во Италија, да не ги примаат вработените на работните места, туку да останат дома 14 дена во карантин.