Филипче планира новиот клинички да е готов до 2020 година

По објавата на министерот за здравство, Венко Филипче во медиумите дека оваа година започнуваат со изградба на Клинички центар во Скопје, реакција од упатените.

Овие денови истиот министер ја откри истата локација на изградба на новиот Клинички, и тоа ќе биде на државно земјиште во Ѓорче Петров. Истата локација ќе се протега на површина од 90 хектари. Конечната одлука до крајот на месецот треба да ја донесе Владата, но според досегашните анализи и проценки на здравствените власти, местото под обиколницата на излезот од Скопје кон Тетово било највисоко рангирано.

– Правиме пределаборати и како ќе изгледа објектот, разговаравме со директори на клиниките што се им треба. Од 400 до 500 милиони евра ќе чини изградбата и сме по потрага по партнери за кредитирање на новиот клинички. Имаме позитивни сигнали од банката при советот на Европа која ни е долгогодишен партнер и сум уверен дека ќе најдеме, вели Филипче.

Самиот министер е убеден дека до 2020 година граѓаните ќе го добијат долго најавуваниот нов Клинички.