Филипче: Од вчера е започната постапката за набавка на 100.000 дози од руската вакцина

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека вчера Владата го овластила да потпише договор за набавка на руската вакцина.

Станува збор за 100.000 дози и преку претставници од Руската амбасада, ќе се обидеме да добиеме информации кога поточно би пристигнале во нашата земја. Јас се надевам дека следните денови ќе ги имаме конкретните датуми, но засега сме во интензивни преговори, изјави Филипче.