Филипче: Нормално е што луѓето одат во туристичките места, а од понеделник веројатно нема да има никакви рестрикции

Големиот број на лица кои се позитивни на корона вирусот го оправдува полицискиот час кој го воведовме за овој викенд.  Голем e број на граѓани заминаа во туристичките места, но таму треба да се почитуваат мерките за групирање. Ова на денешната прес конференција го потенцираше Министерот Филипче.

Не можеме да бидеме сигурни, но очекувам дека од понеделник ќе има комплетно олабавување на рестрикциите за движење на граѓаните, додаде тој.