Децата кои имаат хронични болести и имаат медицинска оправданост да следат он лајн настава тоа треба да го докажат со потврда која е доказ за децата да не одат на училиште. Освен тоа, и кај оние деца кои немаат здравствени проблеми, несогласувањето на родителите за децата да не одат на училиште се доволни тие да не одат на училиште и да следат онлајн настава. Ова во денешното интервју го изјави министерот за здравство, Венко Филипче.
Тој во интервјуто истакна и дека скопските училишта нема да добијат дозвола за настава во живо за повисоките одделенија.