Филипче: Нема притисок кон болниците, со корона скринингот во училиштата ќе се види дали има асимптоматски случаи

Министерот за здравство Венко Филипче денеска во изјава за медиумите повторно ја нагласи важноста на вакцинацијата, смирувајќи дека здравствениот систем е подготвен за евентуален нов бран.

-Вакцинираните доколку се заразат ќе бидат со полесна клиничка слика, така е во сите земји во светот каде има висок опфат на вакцинација. Со имунизацијата се штити сопственото здравје, јавното здравје, но и целокупнито здравствен систем, порача Филипче.

-Не очекуваме висок бран и притисок кон болниците, но сме подготвени, има слободни капацитети, доволна количина на тестови, додаде тој.

Министерот рече дека следните чекори во борбата со пандемијата ќе зависат од корона скринингот во училиштата, за да се види дали има асимптоматски ученци, но и од епидемиолошката слика со овој процент на вакцинација на населението од што ќе зависат и следните евентуални рестриктивни мерки.

Филипче потсети дека околу 790 000 граѓани се вакцинирани со најмалку една доза вакцина, 1000 со трета доза вакцина и, како што рече, овие бројни чинат 45% од полнолетното население кое се вбројува во имунизирано.