Филипче: Не користете јавен превоз ако сте болни или не се чувствувате добро

Не користете јавен превоз ако сте болни или не се чувствувате добро, е една од препораките кои министерот за здравство Венко Филипче ги објави денеска на својот Фејсбук профил за граѓаните кои користат јавен превоз.

-Редовно мијте ги или дезинфицирајте ги рацете, особено по допир на површини во јавниот простор (држачи, рачки, копчиња).Покријте ја устата со марамче или превиткан лакт доколку се накашлате или кивнете.Секогаш кога сте во можност, користете велосипед или пешачет, напиша Филипче.