Филипче најави теренска вакцинација

Министерот за здравство Венко Филипче денеска најави теренска вакцинација на населението.

-Засега не разговараме за дополнителни количини за годинава заради тоа што имаме доволно. Веќе од јули месец најавени се сите други големи количини. Нешто на што сериозно работиме сега – прво еден план за интензивна кампања за повикување на граѓаните да се пријават. Вториот план за теренска вакцинација таму кадешто ќе видиме дека е недоволен бројот на граѓани кои се пријавиле за вакцина рече Филипче.

Во однос на најавите за пристигнување на нови пратки на вакцини, Филипче рече дека третиот и четвртиот квартал треба да пристигнат по 350 илјади вакцини на Фајзер преку директниот договор со компанијата и преку КОВАКС системот.