Филипче најави контроли во сите бањи

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска се огласи по скандалот со Катлановска бања.

- Во сите бањи ќе има контроли. Тоа што сега го забележавме во Катлановска бања го санкциониравме на начин што се забрани здравствена дејност и ги упативме луѓето да ги завршат работите согласно законските регулативи. Како било досега навистина не можам да одговорам. Не секоја бања е регистрирана како приватна здравствена установа, туку како ДОО или ДООЕЛ. Тоа е нешто што ние сега ќе го средиме да биде согласно важечкиот закон, изјави тој по посетата на Гинекологија Чаир каде беше промовирана нова опрема.

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, издадена е забрана за вршење на таа дејност и официјалните лица од бањата се упатени во службите на Министерството тоа по регуларен пат го завршат во смисла на регистрација согласно нашите критериуми за регистрација на медицинска установа.