Филипче најави двојно зголемување на сезонските вакцини против грип

Бесплатните сезонски вакцини против грип двојно ќе се зголемат како дел од стратегијата, најави министерот за здравство, Венко Филипче во изјава за телевизија Алсат.

Тој додаде дека вакцината нема да биде задолжителна, но е важна мерка за заштита за луѓето од најранливите групи.

Ќе ги вакцинираме сите лица постари од 65 години, пензионери, ќе има вакцина и за здравствените работници, за трудниците…тие коишто сметаме дека најмногу треба да се заштитат. Верувам дека ќе има добар одзив, и дека ќе прифатат вакцинација. Да се заштитат барем од сезонскиот грип, заради тоа што за тоа има заштита-вакцина. Сега гледаме колку е вакцинацијата битна, кога се соочуваме со болест за која што нема вакцина“, изјави Филипче.

Тој додаде и дека се подготвуваат 16 ковид-центри по примерот на монтажната модуларната болница, која се наоѓа веднаш до Инфективната клиника.

Со овој чекор, се зголемува бројот на болнички кревети во сите болници низ територијата на целата.