Филипче: Ќе се заострат мерките за движење за време на викенд

 Комисијата за заразни болести ќе се разговара за моделирање на начинот на движење за време на викендот. Ова го соопшти министерот за здравство Венко Филипче, попладнево на прес-конференција. 

Потсети на веќе донесените дополнителни рестрикции за движење кои се однесуваат на лицата на 67 години и младите до 18 години, за кои дозоволено време на движење е од пет наутро до 11 часот за лица над 67 години и од 12 до 21 часот, до почнување на полицискиот час за младите.

За функционирањето на системот преку „Мој термин“ рече дека без закажување нема да може да се оди на пунктовите за тестирање, туку тоа ќе се прави со закажување преку матичните доктори.

-Доколку пацинетите имаат симптоми и имаат епидемиолошки податок може да се јават кај матичниот лекар на телефон кој по пополнување на алгоритамот ќе закаже термин на еден од вкупно 14-те пунктови со цел да се земе брис за да се прати во лабораторија. Без закажување нема да може да се оди по пунктови.Тоа се направи да се стави ред и да се избегнат гужви и контакти, изјави Филипче.

На прес-конференцијата информира дека нови случаи во последните 24 часа се 12 во Скопје и Куманово. Вкупната бројка на заболени од коронавирусот во земјава се 148, а досега се починати две лица.