Филипче: Ќе има корона-скрининг и во училиштата

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција соопшти дека во следните денови ќе има и скрининг во основни и средни училишта.

-Следните денови детално ќе ја презентираме методологијата за скрингот на тестирање на учениците во основните и средни училишта. Факт е дека има една одредена, многу мала трансмисија и сакаме да направиме скриниг на состојбата, поради тоа што многу често децата се и асимптоматски носители. Овој пристап бара одредена припрема во однос на согласност на родителите. Разговараме со центрите за јавно здравје низ земјава, со епидемиолозите и со здравствените домови, изјави Венко Филипче.

Според последните податоци на Министерството за образование и наука добиени од училиштата, на дневна основа бројот на новозаразени ученици се движи од 0,01 до 0,03 отсто од вкупно 240 илјади ученици, што, според министерството е исклучително низок процент. Вакциниран е над 72 отсто од наставниот кадар, што е речиси двојно повеќе од националниот просек.