Филипче: Кај починатата пациентка два теста беа негативни, по смртта се потврди заразата од коронавирус

Венко Филиче, министерот за здравство на вечерашната прес-конфренциијата ја објасни ситуацијата околу првата жртва на коронавирус во Македонија. Станува збор за 57-годишна жена од Куманово.

Според податоците од болницата во Куманово и од Институтот за јавно здравје таа дошла на 16 март на прв преглед, со температура, но без сува кашлица, без други симптоми. Не патувала во странство и немала други контакти со заболени. Следниот ден дошла пак со температура, заедно со синот, кој исто бил болен.

На 17 и 18 март повторно дошле, биле под терапија, со покачена температура, а без кашлица. На 19 март со потежок наод на белите дробови и со рентген снимка. Кај двајцата биле земени брисеви за коронавирус, кој бил негативен. На 20-ти се повторува тестот на мајката, според препораките од СЗО ако има симптоми.

На 21-ви повторно се влошува состојбата што доведува до смрт. Посмртно тестот покажува дека има присуство на корона вирус.

Тестот никаде во светот не е сто процентно сензитивен – рече Филипче.