Филипче: Кај мајката и синот во Велес пронајден е вирус во примерок во дишното стебло

Во однос на случајот со починатите мајка и син во Велес, пронајден е вирусот во примерок од нивното дишно стебло. Во насока на значајно зголемиот број на пациент од грип во оваа сезона, не е исклучена можноста вирусот да е присутен во нашата земја и порано, а фактите дека има и асимпоматски носители на вирусот. Ова на денешната прес конференција на новинарско прашање го одговори министерот Филипче.

Вчера во јавноста излезе информација дека обдукцијата на двете тела покажала присуство на корона вирусот кај двете тела чија смрт настанала во текот на јануари месец оваа година.