Филипче: Границите со соседните земји засега остануваат отворени

Претседателот на државата Стево Пендаровски на прес конференција по седницата на Советот за безбедност апелираше уште еднаш да се почитуваат заштитните мерки.

Заедно со премиерот Заев и министерот Филипче одговараа на новинарки прашања по за актуелната состојба со пандемијата на ковид-19 и за мерките и активностите на надлежните институции.

 -Ги анализираме епидемиолошките анкетите и нема трансмисија на вирусот од странски граѓани. Проблемот е на локално ниво и локална трансмисија на вирусот, рече денеска Министерот Филипче во одговор на новинарско прашање дали е можно повторно затварањ на границите со Косово и останатите соседни земји.

Претседателот пак рече дека на денешниот состанок не станало збор за прогласување на нова Вонредна состојба и дека сепак за тоа би требало да одлучи Собранието.