Филипче: Фајзер секој понеделник ќе ни испраќа од 5 до 7 илјади дози вакцини

Министерот за здравство Венко Филипче денеска за време на вакцинацијата на пратениците, кажа за динамиката на пристигнување на вакцини од „Фајзер“ во мај.

„Денеска добивме листа од страна на компанијата на Фајзер со која што беше напоменат распоредот на количини кои ќе стигнуваат во мај. Секој понеделник од 5 до 7 илјади, или околу 25 илјади во текот на целиот месец очекуваме. Она за што се подготвуваме, и со вакцината на Синофарм која треба да стигне за пет дена на 28 април, а ќе се вакцинираат граѓаните кои се пријавени на сајтот Вакцинација.мк. До тогаш сите сали во шесте града низ земјава ќе бидат подготвени, во Охрид, Штип, Куманово, во Битола, Тетово и Кавадарци ќе бидат подготвени и опремени и со опрема и со кадар, за да вакцинацијата почне согласно распоредот. Околу 150 илјади граѓани се пријавени за вакцинација во овој момент“, кажа Филипче.