Во интервју за „Независен“, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кажа дека СДСМ јасно се дистанцира од ДУИ и дека таа партија е симбол на корупција и поделби.
„СДСМ никогаш повеќе нема да дозволи да биде ставен во истата рамка или да биде подреден на било која партија, особено не на ДУИ. Коруптивната стигма која со години ја носи оваа партија е нешто од што јасно и недвосмислено се дистанцираме. Нивната реторика и постојаното подигање на етнички тензии како алатка за политичко делување е неприфатлива и опасна. Таквите политики немаат место во нашето мултиетничко општество,“ изјави Филипче.
Претседателот на СДСМ посочи дека во иднина соработката со албанските партии ќе се темели на заеднички вредности и јасни принципи.