Филипче: Донесена одлука за полициски час за Скопје, Куманово, Липково, Штип, Тетово, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце

Владата донесе одлука за полициски час, целосна забрана за Скопје, Куманово, Липково, Штип, Тетово, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце, од четврток од 21 часот до понеделник до 5 часот наутро.

Во сите останати градови, се забранува движење на сите граѓани од четврток (4 јуни) од 21:00 часот до петок (5 јуни) до 05:00 часот наутро. 

Петок, сабота и недела во другите градови има забрана за движење од 16 часот до 5 часот следниот ден. 

Групирање на граѓаните на семејни собири, непочитување на мерките при превоз доведе до раст на бројот на заразени. 

Ова го соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. 

Се забранува посета на гробиштата, освен за погреби 

„Еден дел од граѓаните се уште одбиваат да ја прифатат реалноста“, вели министерот. 

Рече дека сите мерки биле издржани, прецизни и навремени.