Филипче: Докторот Јота е поставен на респиратор

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција извести и за состојбата на хирургот д-р Ѓорѓи Јота, кој беше прегазен од возило управувано од малолетник без возачка дозвола.

Како што изјави министерот, докторот Јота има тешка повреда на главата и се наоѓа на oдделот за интензивно лекување.

„Има нагмечување на мозокот и белите дробови и поставен е на респираторна машина. Сега се преземаат сите мерки на интензивно лекување“, вели Филипче.

Докторот бил прегазен вчеравечер, од страна на лице кое не поседувало возачка дозвола, но управувало моторно возило.