Филипче: Четири пациенти со негативни резултати, шесте позитивни во стабилна состојба

Резултатите на првозаболената пациентка со корона вирус се негативни на овој вирус. Таа беше по втор пат тестирана по дијагностицирањето на вирусот според насоките и препораките на Светската здравствена организација, објави министерот Филипче на својот фејсбук профил. 

Негативна на корона вирус е и 16 годишната пациентка со неспецифични знаци за горно респираторна болест. Во меѓувреме, тестирани беа и други двајца пациенти кои резултатите се исто така негативни на овој вирус.

Здравствената состојба на шесте пациенти кои се лекуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е стабилна, а седмата пациентка е целосно стабилизирана и не е повеќе инфективна, но нејзиното лекување не е завршено. Таа ќе биде сѐ уште хоспитализирана на Клиниката, додаде министерот во својата објава. 

Тој апелира до граѓаните во целост да ги почитуваат и следат препораките на Министерството за здравство.