Филипче: Болницата „8-ми септември“ се става на располагање за лекување на заболените од Корона

Болницата „8-ми септември“ се става на располагање за лечење на лицата кои се позитивни на Корона вирусот. Ова прес конференција пред неколку минути го соопшти Министерот за здравје. 

Имајќи предвид дека лекувањето на болните бара посебни услови, а со цел да не се шетаат болните во различни болести се одлучи токму оваа здравствена установа да биде местото каде тие ќе се лекуваат. 

Тој информираше дека во Здравствениот дом во Скопје се отвораат пунктови, но најави повеќе детали на утрешната прес конференција. 

Дополнително се работи на уредувањето на инфраструктурата во Клиничкиот центар и отворање на влез со цел полесно движење на пациентите.