Филипче: 66 пациенти на инфективна клиника и 21 пациенти во 8-ми септември

На Клиниката за инфективни болести, денес се испишани 3 оздравени пациенти, а примени се 2 нови пациенти. Вкупно на клиниката во моментов се наоѓаат 66 пациенти од кои 8 со тешка форма на болеста и се наоѓаат на механичка венталација. Ова на денешнат прес конференција го истакна министерот Филипче.

Тој додаде дека во болницата 8-ми септември се хоспитализирани 21 пациент од кој 6 се со тешка клиничка слика. Во болницата во Битола има 4 хоспитализирани пациенти со лесна форма.  Во болницата во Штип има 8 хоспитализирани пациенти.

Најмалиот пациент се наоѓа на Инфективната клиника во Скопје и истото е во добра здравствена состојба и неговата состојба се следи заедно со доктор – педијатар.