Филипче: 177 заболени, дополнителни ограничувања на движењето за време на викендот

Во тек е прес-конференција на министерот за здравство; Венко Филипче.

Покрај тоа што ги сподели информациите во однос на вкупната бројка на заболени (177) од корона вируст, министерот информираше дека во тек е и седница на Владата во однос на ограничувањето на движењето во текот на викендот. 

Следните денови ќе се излезе со статистика во однос на бројките и очекувањата. Добро функционираат пунктовите и добра е координацијата со матичните лекари.

Во оваа битка и пред оваа закана, сите сме еднакви и мораме да се придржуваме до правилата и советите од стручните лица, заклучи Филипче на крајот на прес-конференцијата.