Филип Кузмановски петти најдобар стрелец на СП во ракомет

Светското првенство во ракомет заврши вчера. Данска по четврти пат ја освои светската титула. Данските ракометари во големото финале во Осло триумфираа против Хрватска со 32:26.

Матијас Гидсел, данскиот репрезентативец беше прогласен за најкорисен играч на СП, а воедно е и најдобар стрелец на турнирот со 74 голови од девет одиграни натпревари (74/107).

На второто место  на листата на најјдобри стрелци на Светското првенство е Франсиско Кошта со 54 голови, колку што има и Французинот Дика Мем на третата позиција.

На четвртото место е Симон Богетофт Питлик од Данска со 50 реализирани погодоци. Петтопласиран е македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски со 49 голови од 71 обид или 69% ефикасност (13/19 седмерци) во шест одиграни натпревари.