ФФМ со реакција за нечовечкиот потег во Тетово: За вакви нелуѓе нема место во фудбалот

Нечовечко однесување на навивачката група „Балисти“ кои ја поддржуваат Шкендија се случи пред почетокот на натпреварот против Брера Струмица од 25.коло во ПМФЛ. За време на минутата молк која беше посветена на жртвите во страшниот пожар во навивачите со песни и скандирања не го испочитуваа барањето. Тој нечовечки потег наиде на општа осуда, а сега реакција стигна и од Фудбалската федерација на Македонија.

„Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) отвора дисциплинска постапка против ФК Шкендија поради нечовечкото однесување на навивачите и непочитувањето на минута молк во чест на жртвите од трагичната несреќа. Овој чин претставува недопустливо непочитување кон загинатите и нивните семејства.

ФФМ ќе преземе соодветни мерки согласно правилата со што ќе обезбеди вакви недолични постапки никогаш повеќе да не се повторат. За вакви нелуѓе нема место во фудбалот. Нека се огледаат на Шкендија Арачиново, која покажа достоинство и почит кон жртвите и целокупната ситуација во државата.

ФФМ пред неколку недели веќе ги испразни трибините со гостински навивачи во Струга поради недолично однесување и тоа ќе важи за сите - без исклучок. Фудбалот мора да остане спорт на почит и достоинство“, напишаа од Куќата на фудбалот.