ФФМ покрена постапка против Вардар

Заврши состанокот на Натпреварувачката комисија на која се покрена постапка против ФК Вардар за слаба организација на дербито со Шкендија, на кое имаше напад во ложата врз раководството на гостите, пренесува Македонски спорт.

ФФМ, односно надлежните во Федерацијата денеска покренаа постапка против ФК Вардар за слаба организација на супер дербито со Шкендија на кој се случи инцидент во ложата на „Филип Втори“ кога  беа нападнати лица од раководството на гостите. За евентуалните санкции ќе решава Дисциплинската комисија. Како што дознаваме големи се шансите ФК Вардар да мине само со парична казна, и тоа максималната. Иако постојат, сепак реално многу мали се шансите клубот да биде казнет со други санкци меѓу кои наредните мечеви Вардар да ги игра на друг стадион или пак да ги игра без присуство на публика.