ФФМ објави видео од ужасните услови во фудбалската академија на федерацијата

Новото раководство на ФФМ објави видео во кое се гледаат катастрофалните услови кои ги затекнале во нивната академија. Како што велат во објавата секој млад фудбалер заслужува средина која го негува неговиот талент и ја почитува нивната посветеност.

„Вистината е важна. Погледнете ја затекнатата состојба во Академијата на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Секој млад фудбалер заслужува средина која го негува неговиот талент и ја почитува нивната посветеност. Да не дозволиме лошите услови да ги задушат соништата на младите фудбалери уште пред да имаат шанса да блеснат. Наскоро... промените ќе зборуваат сами за себе“, се вели во објавата на ФФМ.