Февруарската полна Месечина носи големи промени за 3 хороскопски знаци

Го започнавме февруари со првиот ретрограден Меркур, а на крајот на месецот ни доаѓа и моќна полна Месечина.

Таа доаѓа на 27 февруари носејќи ни моќна енергија. Таа носи промени и можност да се ослободиме од минатото и да изградиме здрави навики. 

Ова се три знаци на кои оваа полна Месечина ќе има најголемо влијание.

Девица

Девиците ќе го почувствуваат интензитетот на оваа Месечина во полно светло. Таа ќе ви помогне да видите нови страни од себеси и да успеете да го достигнете нивото на самодоверба кое го посакувате. Потрудете се да ги усогласите вашите цели со вашите потреби и желби. Но, немојте да бидете претерано критични кон себеси како што умеете вие. Ослободете се од потребата да бидете перфекционисти и дозволете си да блеснете на патот кон вашите соништа. Луѓето ги забележуваат вашите најдобри квалитети.

Стрелец

Време е да почнете сериозно да размислувате за големи чекори или промени во кариерата. Потпрете се на добрата среќа и искористете ги ненадејните можности кои ќе се појават за време на оваа полна Месечина. Добивате многу внимание на работа и вашите таленти се прикажани пред другите во полно светло. 

Риби

Со полната Месечина осветлувајќи ја вашата куќа на партнерства, очекувајте предизвици на полето на љубовта. Ќе се соочите со своите стари навики и ќе се запрашате зошто тие не функционираат. Не фантазирајте како и вообичаено, туку потрудете се да бидете реални и да се ослободите од она што не ви носи ништо добро во животот. Ова е ваша сезона, прифатете го предизвикот и работетете на промена.