Февруари носи студен бран: Не очекува дожд и снег

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои ќе се интензивираат во вечерните и ноќните часови. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, каде на места ќе наврнат над 35 литри на метар квадратен.

Врнежи од снег најпрво ќе има само на повисоките планини, а до недела наутро снежната граница ќе се спушти до околу 1.500 метри надморска висина. Ќе дува засилен, на моменти силен јужен ветер, кој ќе достигне над 90 километри на час.

Утринската температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од осум до 16 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои ќе се интензивираат во вечерните и ноќните часови. Утринската температура ќе достигне до пет, а дневната до 15 степени.

Утре претпладне се уште ќе има локални врнежи, а до крајот на денот облачноста ќе се намали и ќе настапи преодно стабилизирање на времето.