Февруари ќе биде возбудлив месец за 3 хороскопски знаци

Често ни делува дека јануари е најдолгиот месец во годината, но февруари пак е најкраткиот месец. За некои од хороскопските знаци тој носи возбудливи познанства, убави можности и животни промени.

Близнаци

Близнаците веќе некое време се иницијатори на случувањата кога станува збор за работата. Тие се полни со идеи и затоа периодот до 10 февруари за нив ќе биде идеален за долгорочно планирање, но и напредок. Особен успех ги очекува оние кои работат во областа на комуникации, администрација, транспорт и информатички технологии.

Околу 20 февруари, месецот носи непланирани трошоци, но и позајмување пари. Ако имате, помогнете им на другите, тоа ќе ви се врати двојно. Од 19 февруари, можна е одлична заработка, но и покачување на платата.

Шкорпија

Иако сте многу мистериозен знак, до 10 февруари ќе имате потреба да зборувате за вистината со партнерот и за работите кои сакате да ги менувате. За слободните Шкорпии се јавува можност преку работа да запознаат многу привлечна личност.

Ако сте во брак или подолга врска, преопотовареноста од работа би можела да влијае негативно на вашата врска. Но, потрудете се да создадете магични моменти за вашата сакана личност кога сте слободни.

Од 17-28 февруари, ќе бидете смирени во комуникацијата. Овој аспект носи и силна стабилност во долгите врски, аслободните Шкорпии би можеле да запознаат личност родена во знакот Риби, Рак или Девица.

Во секој случај, февруари нема да биде досаден.

Водолија

Ќе имате потреба да бидете поотворени под влијание на Венера, а и многу Водолии ќе бидат склони кон флерт, особено во периодот до 11 февруари. Ова ќе биде многу убав период за слободните Водолии, бидејќи би можеле да ја запознаат љубовта на својот живот во знакот Лав, Јарец или Риби.

Ќе имате потреба да менувате се што не ви одговара, па некои односи ќе трпат, но тоа е добро. По 16 февруари ќе имате потреба да се повлечете, а многу односи би можеле да доживеат некој вид на стабилизација. Некои од вас ќе бидат во платонски врски, а некои соништа и би можеле да се остварат.

new nike air max 2019