Фетаи во изолација откако откако нејзиниот колега Бубевски добил позитивен тест на коронавирусот

Поранешната специјална обвинителка Фатиме Фетаи е во изолација, отакоко нејзиниот колега од обвинителството Гаврил Бубевски добил позитивен тест на коронавирусот, објави „Република“.

Од Основниот кривичен суд денеска најавија дека заради најавено отсуство на надлежниот обвинител, денешната расправата за предметот „Монструм“ се одложува за 26 август.

– Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат расправата за предметот со КОК бр. 66/17 во јавноста познат како „Монструм“, ја информираме јавноста дека заради најавено отсуство на надлежниот обвинител, расправата насрочена за 06.07.2020 година се одлага. Следната главна расправа е насрочена за 26.08.2020 година во 10:00 часот за што веќе се известени странките во постапката, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

Предметот „Монструм“ се однесува за убиените момчиња и рибарот на Смилковското Езеро во 2012 година. За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Судскиот процес го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.