Фестивалот на светлината оддадe почит на жртвите од Тетово со пораки на 14 јазици

„Потребна ни е светлина повеќе од било кога“ – со оваа порака, уметниците и продукцискиот тим на меѓународниот фестивал на светлосна уметност, Skopje Light Art District, им оддадоа почит на трагично загинатите во пожарот, кој во петокот ја зафати модуларната болница во Тетово.

Поради трагичниот настан, светлосните уметнички инсталации беа активни, но без музика и звук, а уметниците испишаа пораки на надеж, на 14 јазици, кои потоа беа проектирани на бината Школка, една од локациите на овогодинешното издание на светлосниот фестивал.

Во пожарот загинаа 14 лица, а Владата прогласи тридневна жалост на целата територија на државата.