Фестивалот Есенски музички свечености организира гала оперски концерт на 4 ноември

На 4 ноември 2020 со почеток во 20 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се одржи Гала оперски концерт, настанот е во рамките на фестивалот „Есенски музички свечености“ 2020. Диригент е Иван Еминовиќ.

Настапуваат оперските солисти Марјан Николовски, Марјан Јованоски, Елена Голомеова, Драган Ампов, Ристе Велков, Билјана Јосифов, Десанка Глигоријевиќ, Наде Талевска Спасовска, Ирена Кавкалевска, Зоран Сотиров, хорот и оркестарот на Националната опера и балет. Режисер е Дејан Прошев, концерт мајстор е Јане Бакевски, Хор мајстори се Јасмина Ѓоргеска, Ѓургица Дашиќ.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска. Влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот. Билетите се во строго ограничен број!, информираат оттаму.