
Во екот на летната туристичка сезона, кога традиционално се зголемува обемот на туристички услуги и обемот на приходи од истите, Управата за јавни приходи (УЈП) информираше дека спроведува координирани активности насочени кон поттикнување на доброволната даночна усогласеност и обезбедување еднакви услови за вршење дејност.
Од таму посочуваат дека во фокусот на активностите се приходите што физичките лица ги остваруваат од краткотрајно издавање сместувачки капацитети - апартмани, станови, куќи, викендички, соби и сл., како и други сезонски дејности поврзани со туризмот. УЈП спроведува повеќе паралелни активности:
Целта на Управата за јавни приходи не е, како што велат, само да укаже на законските обврски, туку да им помогне на граѓаните навремено и правилно да ги исполнат.
„Доброволната усогласеност претставува основа на современото даночно работење и придонесува за фер конкуренција, еднакви услови на пазарот и поголема доверба во институциите. УЈП потсетува дека секој приход остварен од издавање сместувачки капацитети подлежи на оданочување согласно законските прописи и ги повикува сите лица кои остваруваат ваков доход навремено да ги исполнат своите даночни обврски“, нагласија од УЈП.
Истовремено порачуваат дека Управата за јавни приходи ќе продолжи со ризично базирани анализи и контроли со цел да обезбеди еднаква примена на законите и да спречи нелојална кинкуренција кон оние кои совесно ги исполнуваат обврските.
„Со фер туристичка сезона и фер пријавување на приходите создаваме еднакви можности за сите и придонесуваме за одржлив развој на туризмот и економијата“, наведуваат од Управата.