Фејсбук пријателства помеѓу наставник и родител: Потреба или не?

Чести се пријателствата на родителите и наствниците на социјалната мрежа Фејсбук. Додека едните го одборуваат овој потег, другите наствници и професори сметаат дека приватниот живот треба да остане само за одреден круг луѓе, а родителите може да се информираат за своите деца ако дојдат во училиште.

-Родителите и наставниците треба заеднички да соработуваат за доброто на дечињата. Јас немам проблем со прифаќање на понудите за пријателства од родителите на моите ученици. Покрај мојот Фејсбук профил има и Вибер група. Денешното време го наметнува овој тренд, па така ако родителот нема време може телефонски или со порка на Фејсбук да ми се обрати, вели Елена.М. учителка во основно училиште.

Таа вели дека ја разбира потребата на родителите за комуникација преку социјалните мрежи.

-Нашето работно време почнува во 7:30 часот и е до 17 часот по потреба остануваме и подолго. И јас и сопругот не сме во можност да се сретнеме со наствничката. Комуникација по телефон, вибер и Фејсбук ја гледам како потреба и можност за оние родители кои не можат лично да се сретнат со учителката. Чисто информативно и се обраќам на наствничакат и прашувам како е моето дете, дали има некој проблем..., вели Наташа од Ченто.

Училиштето е местото за разговор помеѓу родителот и ученикот.

-Сметам дека секој родител кој се интересира за своето дете треба да дојде во училиште и да си поразговара со професорот и наставникот. Сепак разговорот и комуникацијата во живо е сосема различна. Родителите и онака си имаат Вибер, Фејсбук групи и може да ги пренесуваат битните информации кои наствниците ги испраќаат. Секој треба да си ја почитвуа својата приватност, вели педагогот Зорица.П. од основно училиште.