„Фејк филери директно на лице“ - Не се открива која е сопственичката на салонот за убавина која шверцала препарати

Основното јавно обвинителство Скопје до Кривичниот суд поднело предлог за определување мерки на претпазливост за сопственичка на салон за убавина, која е осомничена дека користела и рекламирала шверцувани медицински препарати за естетски третмани.

Обивинителството, поради презумпција на невиност, не го открива името на сопственичката, иако јавноста реагира дека мора да се знае каде да не се обратат за услуги од ваков тип, со оглед дека станува збор за сомнителни материјали за работа кои се аплицираат директно на кожата. 

Станува збор за дермални филери и други медицински производи што се користеле при третмани за разубавување и редуцирање маснотии. 

На социјалните мрежи, реакции дека жените воопшто не треба да се одлучуваат за овие услуги и да плаќаат, освен во случаи кога е тоа го налагаат здравствени фактори. 

Еве што велат „твитерџиите“ на темава: